Cool боја за керамички плочки

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL БОЈА ЗА КЕРАМИЧКИ ПЛОЧКИ е еднокомпонентен премаз на водена база наменет за заштита и декорација на ѕидни керамички плочки во кујни, бањи и тоалети во затворен простор. Одлично прилега на керамика и е отпорна на вообичаени средства за домаќинство. Премазот е без непријатен мирис, брзо се суши, се одликува со добри механички својства и дава сатенски сјај на завршниот слој. Погоден е за краткотраен контакт со вода на вертикални површини. Не се препорачува за бојадисување на хоризонтални и подни керамички плочки, плочки во сауни и сл.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Пред нанесување на COOL БОЈА ЗА КЕРАМИЧКИ ПЛОЧКИ, површината на плочките мора да биде сува, чиста, цврста, без прашина и маснотии. Остатоците од каменец да се отстранат со средство за чистење на каменец и лесно да се изматат. Остатоците од силикон да се отстранат механички со остар нож, а преостанатиот исушен силикон да се исчисти со средство за отстранување на силикон. Остатокот од средството за отстранување силикон да се измие со поголема количина вода и да се остави да се исуши. Споевите помеѓу плочките-фугите мора да бидат суви пред бојадисување. Подготовката на површината е основа за добро прилегање на премазот и неговата долготрајност.

Се нанесува директно на плочките, без прајмер, на веќе подготвени површини. Се нанесува во 2–3 слоја со четка (синтетички влакна), валјак (од микрофибер или филц) или прскање (со пиштол каде премазот се разредува до 5% со вода, дијаметар на млазницата 1.2–1.5 mm и притисок 2–3 бари). Кога се нанесува со четка или валјак, бојата не се разредува. Се препорачува брусење со фин шмиргл помеѓу слоевите за подобро прилегање на премазот.

За плочки во областа на туш кабината задолжително се нанесуваат 3 слоја премаз.

Сува на допир за 2 часа, наредниот слој се нанесува по 6–8 часа. Обоените површини се погодни за употреба по 5 дена.

Температурата на бојата, воздухот и површината треба да биде минимум +8°C, а влажноста на воздухот под 70%.

ЗАБЕЛЕШКА: По нанесувањето на бојата, заштитната лента мора веднаш да се отстрани (додека бојата е сѐ уште влажна). За бришење и чистење на обоените плочки користете мек сунѓер. Не користете силни абразивни средства и груби сунѓери бидејќи го оштетуваат премазот. Избегнувајте механички оштетувања на штотуку обоените површини.

ПОТРОШУВАЧКА

8–10 m²/l во еден слој

ПАКУВАЊЕ

0.65 l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC, заштитено од директна сончева светлина.

ДОКУМЕНТАЦИЈА