ЗА НАС
Еден сме од најпрепознатливите производители во регионот.
Нашиот комплетен асортиман нуди сите производи за внатрешно и надворешно уредување и изглед на Вашиот дом – разни видови бои и лакови за заштита и декорација на дрвени, метални, бетонски и други површини, како и производи за завршни работи во градежништвото.
„Nevena color“ д.о.о. е основана во 1984 година, по лиценца на ICI. Со години бележи постојан раст во производството на бои, лакови, разредувачи и материјали за заштита и декорација во градежништвото, како за широка потрошувачка, така и за индустриски потреби.
Својата посветеност кон клиентите ја докажуваме со постојано технолошко усовршување и континуиран стремеж да одржуваме висок квалитет на премази за дрво, метал и минерални подлоги, со почитување на високо барани стандарди.
40-годишната традиција во производство на бои, лакови, како и премази за индустриски цели е еден од показателите дека само со квалитет и постојано следење на барањата на клиентите успехот е загарантиран.
NEVENA COLOR разви и еколошки прифатливи и безопасни градежни производи за завршни работи во градежништвото. Оваа линија производи е резултат на долгогодишна работа и примена на најновите знаења од областа на dry-mix системите и водоразредливите премази.
Наши Брендови
Нашата деловна филозофија поаѓа од клиентите и нивните барања за врвен квалитет на производите.
Со гордост можеме да истакнеме дека сме сигурен партнер во однос на цената и квалитетот на нашите производи и на крајните услуги кон клиентите.
COOL премази на база на вода и на база на растворувачи, посебно наменети за уредување и декорација на вашиот дом и околината.
COOL производите на база на вода се еколошки, целосно безбедни и без непријатен мирис. Овие производи нудат неисцрпни можности за декорација, со неограничени варијанти на комбинирање на производи, техники и одлични примени карактеристики.
COOL премази на база на растворувачи, усогласени со еколошките барања и со почитување на светските стандарди и норми за квалитет, се користат за декорација и заштита на метал и дрво во ентериер и екстериер.
COOL производите за завршни работи во градежништвото се развиени според современи стандарди за квалитет и гарантираат едноставна примена, одличен квалитет и долготрајност.
Политика на Квалитет
Квалитетот е основа на довербата на нашите клиенти и одлучувачки фактор за нашиот успех. Nevena Color е сертифицирана според стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и системот за заштита на животната средина ISO 14001:2015.
Политика на Квалитет
Квалитетот е основа на довербата на нашите клиенти и одлучувачки фактор за нашиот успех. Nevena Color е сертифицирана според стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и системот за заштита на животната средина ISO 14001:2015.
Искуство
Со долгогодишно богато искуство и знаење на своите стручњаци, Невена колор одржува константен квалитет на своите производи.
Гаранција
Долготрајни партнерски односи со повеќегодишни клиенти, долга традиција на работење, технолошки напредок и апсолутна посветеност на највисоките стандарди на квалитет на производството се гаранција за квалитетот на сите производи на Невена Колор.
Нашата Визија
Нашата визија е насочена кон континуираниот развој на технологијата и зголемување на обемот на производството, со лансирање на нови брендови, за да го оправдаме доверието на нашите купци.
Нашата Мисија
Да се со помош на стручњаци, технологија и квалитетни производи, погрижиме нашите купци да ги исполнат сите потреби за уредување на својот животен простор.
Наш Цел
Задоволни купци и долгогодишни партнери и продолжување на 40 години долга традиција на квалитет во производството на бои и лакови.
Гаранција на квалитет/Сертификати
Наш тим
Рудник Берилје
Во своја сопственост Nevena Color поседува и рудник во Берилје, каде преку преработка на камен добива готови материјали од различни гранулации за сопствени потреби.
Контролата на квалитетот, автоматизацијата на технолошките процеси и мониторингот ги врши високо стручен кадар од рударско-геолошка и машинска струка, со 10 квалификувани и искусни работници во погони за преработка и производство на готови материјали.