COOL МАЗИЛКА Силиконска фасадна мазилка
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
COOL силиконска фасадна мазилка е декоративна мазилка во пастозна состојба, изработена на база висококвалитетна акрилна емулзија, специјални силиконски смоли, адитиви, пигменти и минерални полнила. Се карактеризира со добра адхезија, висока цврстина, водоотпорност и пропустливост за пареа. Постојана е на атмосферски влијанија и UV-зрачење.
Наменета е за заштита и декорација на надворешни фасадни ѕидни површини.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Површината на која се нанесува мазилката мора да биде цврста, сува, чиста и без слабо врзани делови, масти и други нечистотии кои можат негативно да влијаат на прилепувањето.
Мазилката може да се нанесува на сите површини од варов, цементен и варо-цементен малтер (стар најмалку еден месец), завршни слоеви на термоизолациони системи (стари најмалку 7 дена) и бетонски површини (стари најмалку еден месец).
Пред нанесување на мазилката, подлогата треба да се премачка со COOL подлога за фасадни малтери, во приближна нијанса на завршниот малтер. Време на сушење на подлогата: 4–6 часа.
Пред употреба, мазилката се меша со рачен електричен миксер и, доколку е потребно, се разредува со малку вода (не повеќе од 1%). Дополнително прилагодување на мазилката по нанесувањето не е дозволено.
Пред употреба задолжително проверете ја нијансата (мешајте најмалку 4–5 канти), а потоа подгответе ја потребната количина мазилка за површината на фасадата што се обработува.
COOL силиконската фасадна мазилка се нанесува со нерѓосувачка челична глетарка во дебелина според најголемото зрно. Неколку минути по нанесувањето (зависи од актуелните климатски услови) продолжете со понатамошна обработка со пластична рамна глетарка.
Со движења на глетарката се втрива материјалот додека не се постигне рамномерна структура на завршниот слој. Потребно е да се работи рамномерно и без прекини на континуирани ѕидни површини за да се избегнат нерамномерности.
COOL силиконската фасадна мазилка е допирно сува по 6 часа. По 24 часа е целосно сува и стекнува отпорност на врнежи.
Оптимална работна температура: од +10°C до +30°C. Не смее да се користи на температури под +5°C, при релативна влажност на воздухот поголема од 80%, по силно сонце, ветер, магла или дожд.
Пониските температури и повисоката релативна влажност го продолжуваат времето на сушење на мазилката.
По употреба, алатите веднаш измијте ги со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
|
1 mm |
1,5 mm |
2 mm |
|
|
COOL МАЗИЛКА Силиконска фасадна мазилка |
2.5-3.5 |
3-4 |
3-4 |
ПАКУВАЊЕ
25кг
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
Најмалку 18 месеци во добро затворена и нетресната фабричка амбалажа, во суви и проветрени простории на температура од +5°C до +30°C.
ДОКУМЕНТАЦИЈА
