Cool нитро основна боја за метал
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
Cool нитро основна боја за метал се користи за антикорозивна заштита на метални површини во внатрешноста и надворешноста. Се карактеризира со брзо сушење, добра адхезија, цврстина и еластичност. Направен е на база на синтетички врзива во комбинација со нитроцелулоза, пигменти, полнила, растворувачи и специјални адитиви.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Добро измешајте пред употреба. Се нанесува со четка, валјак или прскање во два слоја. Површината што се нанесува треба да биде сува, чиста, без прашина и маснотии. Нитро разредувачот се користи за разредување и перење алати.
ПОТРОШУВАЧКА
8–10 m²/l во еден слој
ПАКУВАЊЕ
0.9kg, 3.5kg i 25kg
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC, заштитено од директна сончева светлина.
ДОКУМЕНТАЦИЈА