COOL BASIC ЛЕПАК
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
COOL BASIC лепак, градежен лепак, изработен на база на полимери и цемент, се користи за лепење топлотно-изолациски плочи од стиропор на минерални подлоги.
Не е наменет за лепење (армирање) мрежица ниту како завршен слој.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Подлогите од бетон стари најмалку 2 месеца, тула, продолжен малтер, газобетон, салонит и др., мора да бидат рамни, цврсти, суви, чисти, без слабо врзани делови и масни дамки.
Содржината на вреќата од 25кг се меша со околу 6 литри вода електричен мешач додека масата не стане хомогена, без грутчиња. Смесата треба да се остави да отстои околу 10 минути и повторно да се промеша. Овака подготвената маса е подготвена за нанесување и треба да се потроши во рок од 2 часа.
COOL BASIC LEPAK се нанесува лентесто околу ивиците на плочата и точкасто по средината, а потоа плочата се притиска на подготвената подлога. Лентите околу ободот на плочата треба да се нанесуваат во ширина од 3 до 5 см и дебелина од 1 до 2 см. Препорачливо е типлирање на стиропорните плочи, најмалку 6 типла на м². Покриената површина на плочата со лепак треба да биде поголема од 40%.
Обработка на термо-изолациони EPS плочи: На залепените плочи COOL BASIC лепак по 2 дена се нанесува метална глетерица COOL UNI LEPAK во дебелина од 2 до 3 мм и се врши втиснување на мрежата на целата фасадна површина. Се остава да се исуши слојот 48 часа (во нормални услови), а потоа се завршува со COOL декоративен малтер.
По употребата на алатките, веднаш да се измијат со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
3.0-4.0 kg/m2
ПАКУВАЊЕ
25 kg
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
Да се чува 12 месеци во оригинално, добро затворено и неоштетено пакување на температура од +5ºC до +25ºC.
РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА
Оптимална работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи под +5°C, како и при силно сонце, ветер, магла и дожд. Свежо нанесени површини во оптимални услови треба да се заштитат од атмосферските влијанија најмалку 24 часа.
ДОКУМЕНТАЦИЈА