Cool Gold лазура
ТОН КАРТА
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
Cool Gold лазура е еднокомпонентен транспарентен премаз на база на висококвалитетни алкидни сврзувачи, специјални восоци, UV апсорбери, разредувачи, биоцидни средства и адитиви. Cool Gold лазура го штити дрвото од влијанието на временските услови, го бои декоративно и ја унапредува неговата површина. Му дава природен изглед и ја остава видлива неговата структура.
Се користи за заштита на сите видови дрво во ентериер и екстериер. Трајноста на премазот зависи од видот на дрвото и од изложеноста на временски услови.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Лазурата се нанесува со четка, сунѓер, натопување или прскање на дрво кое треба да биде чисто, суво и добро изшкуркано – во еден или два слоја за внатрешна употреба, односно 2-3 слоја за надворешна заштита. Следниот слој се нанесува по 12 часа. За разредување и миење на алатот користете Cool маслен разредувач. Лазурата се разредува до 10% пред нанесување.
ПОТРОШУВАЧКА
10–12 m²/л во еден слој.
ПАКУВАЊЕ
0.75 л и 2.5 л
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
36 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворено и неоштетено фабричко пакување на температура од +5ºC до +25ºC.
СЕНКИ
Безбојна, бор, тик, орев, сина, махагони, даб, палисандер, костен, црвена, ебенос, зелена, црвен бор, коњак, златибор, светол даб и тиква
ДОКУМЕНТАЦИЈА