NEVENALUX НИТРО ГРУНД – основна боја за дрво

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

Nevenalux нитро основна боја за дрво (ГРУНД) е еднокомпонентен основен премаз изработен врз основа на соодветна комбинација од нитроцелулоза, синтетички смоли, полнила и пигменти. Се одликува со брзо сушење, добра адхезија, цврстина, еластичност и лесно се шмиргла. Се користи како основен премаз за дрво и дрвени елементи.

УПАТСТВО ЗА РАБОТА

Наменет е за грундирање на дрвени површини како подлога за нанесување на нитро емајл, полиуретан и слични премази. Површината на која се нанесува треба да биде сува, чиста, одмастена и изшмирглана. Пред употреба добро промешајте. За разредување на бојата и чистење на алатот користете нитро разредувач.

ПОТРОШУВАЧКА

6–8 м²/кг

ПАКУВАЊЕ

0.9 кг, 3.5 кг, 25 кг

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

36 месеци од датумот отпечатен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа, на температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА