NEVENALUX НИТРО ЛАК ОСНОВЕН

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

Nevenalux нитро лак основен е наменет како подлога за дрвени површини пред завршно лакирање или боење. Се одликува со брзо сушење, добра адхезија, цврстина и еластичност и лесно се шмиргла. Нитро лакот завршен – сјаен е наменет за завршно лакирање на дрвени површини. Се карактеризира со брзо сушење, одлична цврстина и висок сјај.

УПАТСТВО ЗА РАБОТА

Пред употреба добро промешајте. Површината на која се нанесува NEVENALUX НИТРО ЛАК – основен треба да биде сува и чиста. Нитро лакот завршен – сјаен се нанесува преку Nevenalux нитро лакот основен по претходно шмирглање. Нитро лакот се нанесува со пиштол, четка или потопување. Сушењето на температура од 20°C трае 30 минути.

ПОТРОШУВАЧКА

Со 1 кг лак може да се нанесе околу 8-10 м² во еден слој.

ПАКУВАЊЕ

0.75 л, 2.5 л, 20 л и 200 л

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

36 месеци од датумот отпечатен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа, при температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА