COOL ТЕЧНА ГЛЕТ МАСА
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
COOL ТЕЧНА ГЛЕТ МАСА е веќе подготвена фина маса за израмнување и измазнување на внатрешни ѕидни и тавански површини. Препорачаната дебелина на слојот е 2 mm. Погодна е за површини како што се минерални малтери, бетон и гипс-картони. Се нанесува рачно, лесна е за обработка и шмирглање. Направена е од специјално врзивно средство, квалитетни полнила и специјални адитиви.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
COOL ТЕЧНАТА ГЛЕТ МАСА се нанесува на површини кои мора да бидат исчистени од прашина, маснотии и други нечистотии. Поголемите пукнатини и оштетени делови да се пополнат со соодветни материјали. Пред нанесување на COOL ТЕЧНА ГЛЕТ МАСА, ѕидовите да се импрегнираат со COOL подлога, зависно од состојбата на подлогата (според препораката на производителот). Нанесувањето се врши со челична глетарица. По сушењето, секој нанесен слој треба добро да се изшмиргла со соодветна шмиргла. Времето на сушење пред нанесување на нареден слој при оптимални услови е 10–12 часа. Целосно сувите површини може да се бојадисуваат со сите видови на дисперзии. По употреба, алатот веднаш да се измие со вода. Оптимална работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи под +5°C.
ПОТРОШУВАЧКА
1.5–2.0 kg/m² во два слоја со дебелина од 2 mm.
ПАКУВАЊЕ
8 kg и 25 kg
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
Да се чува 12 месеци во оригинално, добро затворено и неоштетено пакување на температура од +5ºC до +25ºC.
ДОКУМЕНТАЦИЈА