ТОН КАРТА

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

Боја за бетон е еднокомпонентен премаз базиран на висококвалитетна акрилна смола, пигменти, полнила, растворувачи и адитиви. Предназначена е за заштита и декорација на бетонски, асфалтни, цементно-малтерски површини, салонит, тули и други површини во градежништвото (подови, тераси, работилници, гаражи, хали и др.). Филмот се карактеризира со добра тврдост. Отпорен е на абење, атмосферски влијанија, бензин, масла, вода, слаби киселини и алкали, детергенти и др.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Површината пред нанесувањето на бојата мора да биде сува, не смее да биде валкана со масло, маст или биолошки материјал подложен на распаѓање. Бетонот мора да биде стар најмалку 28 дена со максимално 5–6% влажност. Нанесува се со четка, пиштол или валјак. За разредување и миење на алатот се користи нитро разредувач.

ПОТРОШУВАЧКА

Во зависност од квалитетот на подлогата, 2–4 м²/кг.

ПАКУВАЊЕ

1kg 3,5kg 25kg

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

36 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC.

ТОН КАРТА