ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL DIS е еколошка внатрешна боја изработена на база на високо квалитетна полимерна емулзија, пигменти и полнила. Се користи за декоративна заштита на внатрешни ѕидни и тавански површини во станбени, деловни и јавни објекти. Поседува одлична покривна моќ, исклучителна белина, добра паропропусност и е отпорна на влажно бришење.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

COOL DIS се нанесува на површини кои се суви, чисти, без прашина, масло, мрсни дамки, водорастворливи соли и други нечистотии кои можат неповолно да влијаат на прилепувањето кон подлогата.

Пред бојадисување, подлогата треба да се импрегнира со COOL акрилна подлога во зависност од состојбата на површината. Времето на сушење на подлогата изнесува минимум 12 часа. Пред употреба потребно е бојата добро да се промеша, да се изврши хомогенизација и по потреба да се разреди со вода до 15–20% (за бела и пастелни тонови), а интензивните нијанси по потреба да се разредат со вода до 5%. Бојата се нанесува со валјак, четка или прскање во два слоја. Вториот слој се нанесува врз исушениот прв слој по 4–6 часа. Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C. Во зависност од условите, целосната отпорност на филмот се постигнува по 3 недели.

По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.

ПОТРОШУВАЧКА

125–185 ml/m² во два слоја, во зависност од порозноста и впивливоста на подлогата.

ПАКУВАЊЕ

5kg, 8kg и 25kg.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци чувајте во оригинална, добро затворена и неисећена амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC, заштитено од директен утицај сунчеве светлости и смрзавања.

ДОКУМЕНТАЦИЈА