ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL GOLD е еколошка, паропропустлива, водоотпорна боја која се карактеризира со висока покривност. Отпорен е на влажно триење (SRPS EN 13300 : 2009). Се користи за декоративна заштита на внатрешни ѕидови и тавани во станбени и деловни простории.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Пред нанесување на COOL GOLD бојата, површините мора да бидат цврсти, суви и чисти, без прашина, масла, масти и други нечистотии. Според препораката на производителот, пред нанесување на COOL GOLD бојата, ѕидовите треба да се импрегнираат со COOL акрилна подлога. Бојата се нансува со валјак, четка или прскање во два слоја. Пред употреба, бојата треба да се разреди со максимум 10% вода. Вториот слој се нанесува преку исушениот прв слој по 4-6 часа. Посакуваната нијанса се добива со мешање на COOL GOLD и COOL концентрат или COOL тонер (пастелни тонови). По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.

ПОТРОШУВАЧКА

170-200 ml/m2 во два слоја, во зависност од порозноста и впивањето на подлогата.

ПАКУВАЊЕ

3kg, 8kg, 15kg и 25kg.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, во добро затворено и неоштетено фабричко пакување на температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА