ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

Невеналукс Радијатор лак е еднокомпонентно премачкувачко средство базирано на висококвалитетно алкидно врзивно средство, органски и неоргански пигменти, разредувачи и соодветни адитиви. Се користи за декоративна заштита на радијатори. Го издржува температурниот опсег што го постигнува радијаторот (80°C – 120°C).

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Се нанесува во еден или два слоја со четка, валјак, прскање или потопување. Следниот слој се нанесува по 12 часа.
За разредување и миење на алатот се користи Маслен разредувач.

ПОТРОШУВАЧКА

Со 1 литар лак може да се премачкаат 8–10 м² во еден слој.

ПАКУВАЊЕ

0,75 л, 20 л

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

36 месеци од датумот означен на пакувањето. Да се чува во оригиналната, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа, на температура од +5ºC до +25ºC.

 

ДОКУМЕНТАЦИЈА