Cool акрилен емајл лак за дрво и метал

ТОН КАРТА

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL АКРИЛЕН ЕМАЈЛ ЛАК е завршен-декоративен премаз за дрво и метал. Се користи за заштита и декорација на дрвени и метални површини во ентериер и екстериер. Еколошки производ без мирис, брзо се суши и не пожолтува. Отпорен е на атмосферски влијанија и UV зрачење.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Се нанесува со четка, валјак или прскање во два слоја врз основна акрилна боја за дрво или метал, на чиста, сува и одмастена површина. Пред употреба, бојата се разредува со 5–10% вода. Вториот слој се нанесува по 4–6 часа. Алатот веднаш се мие со вода.

ПОТРОШУВАЧКА

8–10 m²/l во еден слој

ПАКУВАЊЕ

0,75 l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци од датумот означен на амбалажата. Да се чува во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА

ТОН КАРТА