Cool акрилна боја за ќерамиди
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
COOL БОЈА ЗА ЌЕРАМИД е еднокомпонентен премаз на водена база наменет за заштита и декорација на ќерамиди. Со овој квалитетен премаз можете да го обновите вашиот покрив и да го направите како нов на едноставен начин.
Се одликува со одлична прилепливост, висока покривност и отпорност на УВ зрачење. Отпорен е на временски услови. Едноставен е за употреба, водоотпорен и трајно еластичен.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Пред нанесување на COOL БОЈА ЗА ЌЕРАМИД, површината на ќерамидата мора да биде сува, чиста, цврста, без прашина и маснотии. Грубите залепени остатоци на ќерамидата треба да се отстранат механички.
Ако ќерамидата има многу мов или алги, се препорачува употреба на биоцидно средство пред нанесување на COOL боја за ќерамиди.
Бојата пред употреба да се промеша. Пред нанесување на првиот слој, бојата да се разреди со 20% вода.
Над исушениот прв слој се нанесува втор слој неразредена COOL боја за ќерамиди.
Се нанесува со четка, валјак или пиштол. Време на сушење помеѓу слоевите е 4–6 часа и зависи од порозноста на ќерамидата, дебелината на нанесување, температурата, влажноста и циркулацијата на воздухот.
Оптимални услови за работа се температура од 20°C и релативна влажност на воздухот од 65%.
Алатот по употреба веднаш да се измие со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
3–5 m²/kg (4–6 m²/l) во еден слој
ПАКУВАЊЕ
0.9 kg 5 kg
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC, заштитено од директна сончева светлина.
ДОКУМЕНТАЦИЈА