COOL акрилна основна боја за метал

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL акрилна темелна боја за метал се користи за заштита железни и челични површини од корозија во затворени простории и на отворен простор. Изработена е на база на акрилна дисперзија, пигменти, специјални антикорозивни пигменти и пополнувачи. Еколошки е производ, без непријатни мириси, брзо се суши и одлично пријања на металните површини.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Површината на која се нанесува COOL акрилна темелна боја за метал мора да биде сува, чиста и без маснотии. Рѓата треба да се отстрани механички со користење на жичана четка, а маснотиите и другите нечистотии да се отстранат со Нитро разредувач.

Бојата се нанесува со четка, валјак или прскање во два слоја. Пред употреба, бојата треба да се разреди со 5-10% вода за воздушно прскање, а за четка и валјак разредете по потреба. Другиот слој на бојата се нанесува по 4-6 часа. По употребата, алатот треба веднаш да се измие со вода.

ПОТРОШУВАЧКА

8–10 m²/l во еден слој

ПАКУВАЊЕ

0.65 l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци од датумот печатен на амбалажата. Чувајте го во оригинал, добро затворено и неоштетено фабричко пакување на температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА