Cool полиуретански лак за паркет A + B

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL 2K ПОЛИУРЕТАНСКИ ЛАК ЗА ПАРКЕТ полиуретански двокомпонентен лак се користи за лакирање на паркет, бродски под, лајсни, дрвени скали и слични дрвени површини и елементи во ентериерот кои се изложени на специфични услови на експлоатација и оптеретување. Дае одлична површинска цврстина, долготрајна заштита, отпорен е на абразија, вода и средства за чистење.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Површината која се лакира треба да биде израбтена, сува, без маснотии, воскови и прашина.

Компонентите се мешаат во однос A:B=1:1 непосредно пред употреба.

Подготвената смеса треба да се искористи во рок од 6-8 часа.

2K PU лак за паркет се нанесува во системот полиуретански 2K прајмер за лак за паркет еден слој плус два слоја 2K PU лак за паркет или три слоја 2K PU лак за паркет со меѓуслојно хоблување, брусење и чистење.

За меѓуслојно брусење се користи брусен папир No120-150. Сушењето на првиот слој трае 24 часа, по што е неопходно да се пребруси површината со финиот брусен папир, да се очисти и да се нанесе следниот слој на лак. Завршниот слој на лакот се очврснува целосно по 72 часа на 20°C, кога се препорачува користење на просторијата.

Алатот по употреба треба да се измива со Cool нитро разредувач.

ПОТРОШУВАЧКА

80-100 g/m²

ПАКУВАЊЕ

1+1 l, 2.5+2.5 l, 20+20 l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци од датумот на отиснато на амбалажата. 36 месеци од датумот означен на амбалажата. Да се чува во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА