Cool 3×1 DTZ antika
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
COOL 3×1 DTZ ANTIKA е антикорозивен темелен и завршен премаз на база на модифицирани алкидни сврзувачи, специјални пигменти и адитиви. Се користи за заштита на предмети од поцинкуван лим, алуминиум, бакар и челик во ентериер и екстериер. Се одlikува со добро прилепување, висока отпорност на временски влијанија и отпорност на UV зрачење.
ПОДГОТОВКА НА ПОВРШИНА
Површината на која се нанесува COOL 3×1 DTZ ANTIKA мора да биде цврста, сува, без мрсни дамки и нечистотии. Да се отстранат евентуални остатоци од стара боја или траги од оксидација. Површината да се изшкури со фин шмиргл хартија бр. 220/320. Да се одмасти и исчисти со разредувач. Бојата пред употреба добро да се промеша. По потреба разредете до максимум 5% со COOL 3×1 разредувач. Може да се нанесува директно на површини претходно исчистени од корозија. Се нанесува со четка или прскање во еден слој. Оптималната дебелина на сув слој е 60–80µ.
COOL 3×1 DTZ ANTIKA е сува на допир за 2 часа, целосно се суши по 24 часа. Оптимална работна температура е од +10°C до +30°C. Алатот по употреба веднаш измијте го со Нитро разредувач.
ПОТРОШУВАЧКА
8–10 m²/л
ПАКУВАЊЕ
0.75 л
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
36 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC.
ДОКУМЕНТАЦИЈА