ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL Aluterm е еднокомпонентно премазно средство на база на високо квалитетно везиво, алуминиумска паста и растворувачи. COOL Aluterm е термо-отпорна боја која трајно издржува температура до 200ºC. Користи се за заштита на метални површини изложени на повишени температури и атмосферски влијанија. Сувиот филм е еластичен, сребрен, рефлектира топлинско зрачење и отпорен е на атмосферски влијанија, вода и масло. Одлично приаѓа на подлогата. Неговата примена е во автомобилската индустрија (фелни, издувни лонци, каросерија и сл.) како и за заштита на процесна опрема, резервоари, силоси, метални и челични конструкции, цевководи, далеководи и др.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Нанесува се со четка, валјак или пистолет на добро исчистена и одмашчена површина во еден или два слоја. Вториот слој се нанесува по 24 часа. За разредување и перење на алатот се користи уљан разредувач.

ПОТРОШУВАЧКА

8-10 m²/kg

ПАКУВАЊЕ

0,75 l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

36 месеци од датумот отпечатен на амбалажата. Да се чува во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА