COOL AQUA PAINT ACRYLIC
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
COOL AKRYLIC 100% е еколошка внатрешна боја изработена на база акрилати, пигменти и пополнувачи. Се користи за декоративна заштита на внатрешни ѕидни површини во стамбени, деловни и јавни објекти. Поседува одлична покривна моќ, добра паропропустливост и е отпорна на влажно бришење.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
COOL AKRYLIC 100% нанесувајте на површини кои се суви, чисти, цврсти, без прашина, масло, масни дамки, водорастворни соли и други нечистотии кои можат да влијаат на припаѓањето на подлогата.
Пред бојадисување, површината треба да се импрегнира со COOL акрилна подлога. Времето на сушење на подлогата е минимално 4-6 часа. Пред употреба потребно е бојата да се промеша и хомогенизира. Бојата се нанесува со валјак, четка или прскање во два слоја. Вториот слој треба да се нанесе по исушениот прв слој, по 4-6 часа. Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C. По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
7-8 m²/l во два слоја, во зависност од порозноста и впојноста на подлогата.
ПАКУВАЊЕ
1 l и 2.5 l
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци – чување во оригинална, добро затворена и неоштетена амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC, заштитена од директна сончева светлина и мраз.
ДОКУМЕНТАЦИЈА