ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL GIPS е високопокривна, еколошка внатрешна дисперзна боја специјално формулирана за нанесување директно на гипс-картонски плочи. Изработена е од висококвалитетна полимерна емулзија, пигменти и специјални полнила. Се одликува со исклучителна белина, висока покривност, паропропустливост и отпорност на мокро бришење. Се користи за декорација и заштита на внатрешни ѕидни и плафонски површини во станбени, деловни и јавни објекти за бојадисување на високо апсорбентни површини како што се гипс-картонски плочи, финозидани површини и други апсорбентни минерални подлоги.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Површината на која се нанесува бојата мора да биде цврста, чиста, сува, без слабо врзани делови, масти и други нечистотии кои можат негативно да влијаат на прилепувањето на слојот на подлогата.

При бојадисување на гипс-картонски плочи, COOL GIPS се нанесува директно без употреба на прајмер.

Пред употреба добро измешајте ја бојата и разредете ја до 20% со вода. Нанесувајте ја со валјак, четка или со прскање во два слоја. Вториот слој нанесете го врз исушениот прв слој. Времето на сушење на бојата е 4-6 часа. Бојата може да се нанесува и со соодветни машини за прскање.
Пред да ја нанесете бојата на целата површина, прво обоете ги потешко достапните површини (агли, шапелни, површини околу прекинувачи и приклучоци), потоа пристапете кон рамномерно и непрекинато боење на целата површина на ѕидот за да се избегнат нерамнини кои се појавуваат при спојувањето на површините.
По фарбањето, површините треба да се третираат внимателно бидејќи слојот ќе ја достигне својата максимална цврстина и отпорност на влажно бришење при нормални услови (температура од +20°C и релативна влажност на воздухот од 60%) по четири недели.

COOL GIPS може да се тонира со COOL концентрати до пастелни нијанси.

Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи на температури под +5°C или над +35°C.

По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.

ПОТРОШУВАЧКА

6-8 м2/л во зависност од подготовката на подлогата и начинот на нанесување.

ПАКУВАЊЕ

5 l 15 l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

Чувајте 18 месеци во оригинална, добро затворена и неискината амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА