ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL KADA FREŠ се користи за санација и поправка на помали оштетени површини на када.

Нанесува се со четка, валјак или прскање во два слоја. За метални кади, акрилниот емајл за поправка се нанесува преку основната COOL акрилна темелна боја за метал. За пластични кади, поправката се врши само со COOL акрилен емајл.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

За чистење када по поправката не треба да се користат силни хемиски и абразивни средства.

Површината на кадата пред фарбање треба да се очисти од евентуална рѓа, каменци, силикон и било какви наслаги на сапун или маснотии за да фарбањето има подолготраен ефект. Очистената и одмастена површина треба да се пребруси со соодветен брусен папир (180-220) и добро да се исуши за да акрилната боја подобро припоени. Поголеми оштетувања на кадата (поголеми пукнатини, пукнатини или дупки од 2-3 см) треба да се санираат со соодветен полиетилен сет за кади. COOL KADA FREŠ пред употреба треба да се разреди со максимум 10% вода и добро да се промеша. Вториот слој да се нанесе по сушењето на првиот слој од 6-8 часа. Алатот по употреба веднаш да се измие со вода. Оптималната работна температура за примена е од +10ºC до +30ºC.

ПОТРОШУВАЧКА

8–10 m²/l во еден слој

ПАКУВАЊЕ

0.45 l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворено и неоштетено фабричко пакување на температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА