ТОН КАРТА

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL NOVA ART DINA е висококвалитетна еколошка водоразредлива акрилна боја, изработена на база на специјални водни дисперзии, квалитетни пополнители и специјални ефектни пигменти. Намена за декорација и заштита на внатрешни зидни површини, за добивање визуелно убави релјефни површини и посебни ефекти. Одликува се со добра паропропустливост и лесно е за нанесување. Достапна е во три нијанси: сребрена, златна и бронзена.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

COOL NOVA ART DINA е подготвена боја за нанесување и не е потребно разредување со вода. Подлогата на која се нанесува мора да биде цврста, сува, чиста, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Нерегуларните површини треба да се израмнат со COOL GLET MASOM. Пре нанесувањето на декоративната техника површините треба да се премачкаат со COOL NOVA ART PRAJMEROM, а времето на сушење на прајмерот е минимум 6h.

COOL NOVA ART DINA се нанесува со широка четка најчесто во еден слој, а зависно од посакуваниот ефект, може да се нанесе и во два слоја. Крајниот изглед на површината се добива со различни техники на нанесување. Во зависност од различните движења и техники на апликаторот, се добиваат различни шари на ѕидот. Техника на нанесување:
1. COOL NOVA ART DINA се нанесува во еден слој со лесни движења на четката во сите насоки на површината 1-2m². По 5 до 10 минути, повторно лесно да се премине со сува четка преку нанесениот материјал за да се создаде конечниот изглед и да се отстранат траговите од четката. 2. Материјалот се нанесува во помали количини во еден слој со коси, вертикални или хоризонтални движења на четката на површината 1-2m². По 5 до 10 минути, повторно лесно да се премине со сува четка преку нанесениот материјал со спротивни движења од претходните, за да се добие конечниот изглед.
Првиот слој е сув при нормални услови на сушење од 4 до 6 часа и зависи од дебелината на нанесувањето. Оптималната работна температура е во опсег од +10°C до +30°C. Не се препорачува користење под +5°C. Алатот веднаш да се измије со вода.

ПОТРОШУВАЧКА

7-9 m 2/l

ПАКУВАЊЕ

1l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци – чување во оригинална, добро затворена и неоштетена амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC, заштитена од директна сончева светлина и мраз.

ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

ТОН КАРТА