ТОН КАРТА

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL NOVA ART PERLA е висококвалитетна еколошка водоотпорна акрилна боја. Изработена е на база на специјална акрилна кополимерна дисперзија, квалитетни адитиви и специјални ефектни пигменти кои ѝ даваат на површината фина структура слична на бисер. Наменета е за декорација и заштита на ѕидни површини во ентериер (луксузни јавни згради, хотели, станови, градинки). На подлогата ѝ дава специфичен сјаен светкав изглед, а со дополнително осветлување ефектот е уште поизразен. Разновидноста на техники и ефекти овозможува декорација во различни стилови.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

COOL NOVA ART PERLA е подготвена боја за нанесување и не е потребно разредување со вода. Подлогата на која се нанесува мора да биде цврста, сува, чиста, без слабо поврзани делови, мрсни дамки и слично. Нерамни површини да се израмнат со COOL GLET MASA или COOL WET GLET. COOL NOVA ART PERLA се нанесува на површини на кои претходно е нанесен COOL NOVA ART PRIMER. Декоративниот ефект на COOL NOVA ART PERLA зависи од начинот на обработка на сѐ уште влажниот премаз со разни алати (четка, шпаhtла, сунѓер, валјак…). Финалниот изглед зависи од бројот на нанесени слоеви (1-3) и од вештината и техниката на изведувачот. Првиот слој се суши за 6 до 8 часа во зависност од дебелината на слојот, додека целосната отпорност на филмот се постигнува по две недели. Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи под +5°C. По употребата, алатот темелно да се измие со вода.

ПОТРОШУВАЧКА

5-7 m2/l

ПАКУВАЊЕ

1l

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

18 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC, заштитено од директна сончева светлина.

ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

ТОН КАРТА