COOL PASTEL
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
COOL PASTEL е еколошка внатрешна боја изработена на база на високо квалитетна полимерна емулзија, пигменти и полнила. Се користи за декоративна заштита на внатрешни зидни површини во станбени, деловни и јавни објекти. Поседува одлична покривна моќ, добра паропропусност и е отпорна на влажно бришење.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
COOL PASTEL наносете на површини кои се суви, чисти, цврсти, без прашина, масла, масни дамки, водорастворливи соли и други нечистотии кои можат неповолно да влијаат на приаѓањето на подлогата.
Пред бојадисување, подлогата треба да се импрегнира со COOL акрилна подлога во зависност од состојбата на површината. Време на сушење на подлогата е минимум 4-6 часа. Пред употреба, бојата треба да се промеша, да се изврши хомогенизација и по потреба да се разреди со 5% вода. Бојата се нансува со валјак, четка или прскање во два слоја. Вториот слој се нанесува преку исушениот прв слој по 4-6 часа. Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C.
По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
5-6 m 2/kg во еден слој
ПАКУВАЊЕ
1kg и 5kg
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци – чување во оригинална, добро затворена и неоштетена амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC, заштитена од директна сончева светлина и мраз.