NEVENALUX ЕФЕКТ ЛАК
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
Nevenalux ефект лак е еднокомпонентен премаз базиран на високо квалитетни модифицирани синтетички врзивни средства, пигменти, разредувачи и специјални адитиви. Се одликува со специфичен „хамер“ ефект. Се користи за декоративна заштита на метални површини.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Се нанесува на метална површина во еден слој, самостојно или во систем со брзосушечка основна боја. Се препорачува нанесување со прскање. За разредување и миење на алат користете нитро разредувач.
ПОТРОШУВАЧКА
8–10 m²/kg во еден слој.
ПАКУВАЊЕ
0.75 l, 2.5 l, 20 l
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
36 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригиналната, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC.
НИЈАНСИ
Сребрена, зелена, сина, златно жолта, црвена и црна.