NEVENALUX ЛАК ЛАЗУРА
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
Nevenalux лак лазурата го штити дрвото од влијанијата на времето, го бои декоративно и ја збогатува неговата површина. Му дава природен изглед и ја задржува видливоста на неговата структура.
УПАТСТВО ЗА РАБОТА
Не се разредува. Се нанесува на сува, изшкурена и исчистена површина, во еден или два слоја со четка, валјак или со потопување. Времето на сушење е 12 часа. Следниот слој се нанесува по 24 часа. За миење на алатот користете Cool маслен разредувач.
ПОТРОШУВАЧКА
Со 1 литар лак може да се премачкаат 10–12 м² во еден слој.
ПАКУВАЊЕ
0.75 л, 2.5 л и 20 л.
НИЈАНСИ
Безбојна, бор, тик, орев, сина, махагони, даб, палисандер, костен, црвена, ебеново дрво, зелена, црвен бор, коњак, златен бор, светол даб и тиква.
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
36 месеци од датумот отпечатен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа, на температура од +5ºC до +25ºC.