NEVENALUX МАСА ЗА ФУГОВАЊЕ НА ПАРКЕТ
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
Безбоен лак кој во комбинација со струготини создава смеса за фугирање. Со употреба на подготвената маса се добива ефект на монолитен под со одличен визуелен изглед, при што се намалува потрошувачката на лак. Наменета е за пополнување на фуги што настанале при поставување на паркет и за помали оштетувања на паркетот. Подготвената маса се нанесува пред брусење на паркетот.
УПАТСТВО ЗА РАБОТА
Во масата за фугирање на паркет се додава струготина од последното брусење, сè додека не се добие густа маса (конзистенција на кит), која се нанесува со шпатула по целата површина. По сушење од 1–2 часа, паркетот може да се бруси.
ПОТРОШУВАЧКА
Со 1 кг боја може да се покријат околу 8–10 м².
ПАКУВАЊЕ
0,9 кг
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
36 месеци од датумот отпечатен на амбалажата. Да се чува во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC.