NEVENALUX НИТРО ОСНОВНА БОЈА ЗА МЕТАЛ
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
Nevenalux нитро основната боја за метал се користи за антикорозивна заштита на метални површини во внатрешни и надворешни услови. Се одликува со брзо сушење, добра прилепливост (адхезија), цврстина и еластичност. Изработена е на база на синтетички сврзувачки материјали во комбинација со нитроцелулоза, пигменти, полнила, растворувачи и специјални адитиви.
УПАТСТВО ЗА РАБОТА
Пред употреба добро промешајте. Се нанесува со четка, валјак или со прскање во два слоја. Површината што се премачкува треба да биде сува, чиста, без прашина и маснотии. За разредување и чистење на алатите користете Нитро разредувач.
ПОТРОШУВАЧКА
8–10 м²/кг во еден слој.
ПАКУВАЊЕ
0.9 кг, 3.5 кг и 25 кг.
НИЈАНСИ
Сива, црвена и црна.
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
36 месеци од датумот отпечатен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC.