NEVENALUX ПОЛИУРЕТАНСКА ПОДЛОГА
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
НЕВЕНАЛУКС полиуретанска подлога е изработена на база на алкидни сврзувачи и нитроцелулоза, соодветни растворувачи и адитиви. Се користи како подлога за сите видови паркет, дрвени подови, домашен мебел и слично.
УПАТСТВО ЗА РАБОТА
Подлогата се нанесува со четка, валјак или пиштол на претходно изшкурена, сува, одмастена и исчистена површина. Се нанесува во еден или два слоја со меѓуслојно шмирглање. Слојот лак се нанесува на подлогата по 12 часа. За разредување и миење на алатот се користи Cool нитро разредувач.
ПОТРОШУВАЧКА
Со 1 литар лак може да се покријат 8–10 м².
ПАКУВАЊЕ
0.75 l, 2.5 l и 20 l
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
36 месеци од датумот отпечатен на амбалажата. Да се чува во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа, на температура од +5ºC до +25ºC.