NEVENALUX 2K ПОЛИУРЕТАНСКИ ЛАК ЗА ПАРКЕТ

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

NEVENALUX 2K ПОЛИУРЕТАНСКИ ЛАК ЗА ПАРКЕТ е полиуретански двокомпонентен лак кој се користи за лакирање на паркет, бродски под, лајсни, дрвени скали и слични дрвени површини и елементи во ентериер кои се изложени на специфични услови на експлоатација и оптоварување. Обезбедува одлична површинска тврдост, долготрајна заштита, отпорен е на абење, вода и средства за чистење.

УПАТСТВО ЗА РАБОТА

Површината која се лакира треба да биде избрушена, сува, без маснотии, восоци и прашина.
Компонентите се мешаат во однос А:Б = 1:1 непосредно пред употреба.
Подготвената смеса да се употреби во рок од 6-8 часа.
2K PU лакот за паркет се нанесува во систем полиуретански 2K прајмер за лак за паркет – еден слој, плус два слоја 2K PU лак за паркет или три слоја 2K PU лак за паркет со меѓуслојно брусење, шмирглање и чистење.
За меѓуслојно брусење користете шмиргла број 120-150. Сушењето на првиот слој трае 24 часа, по што е потребно површината да се избруси со фина шмиргла, да се исчисти и да се нанесе следниот слој лак. Финалниот слој лак целосно стврднува по 72 часа на 20°C, кога се препорачува и користење на просторот.
Алатот по употреба се мие со Cool нитро разредувач.

ПОТРОШУВАЧКА

80-100 г/м²

ПАКУВАЊЕ

1+1 л, 2.5+2.5 л, 20+20 л

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци од датумот отпечатен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа на температура од +5ºC до +25ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА