COOL WOOD STOP CRACK
ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА
COOL WOOD STOP CRACK е специјален премаз специјално формулиран за заштита на челата на дрвените површини, а особено на дрвените греди што се користат за кровни конструкции, од пукање и продор на вода. Изработен е од висококвалитетна полимерна емулзија, пигменти, полнила и специјални адитиви. Се одликува со висока покривност, добра адхезија на сите видови дрво, брзо сушење и едноставна примена. Еколошки е производ, на водена база, без непријатен мирис. Формира филм што го забавува испарувањето на влагата и на тој начин ја регулира брзината на сушење на дрвото, истовремено обезбедувајќи хидрофобна заштита од дожд, снег и атмосферска влага.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Површината на дрвото на која се нанесува мора да биде чиста, без прашина, маснотии и други нечистотии. Дрвото може да биде свежо или суво.
Пред употреба производот треба добро да се промеша и да се разреди со 10–15% вода. Се нанесува со четка, валјак или пиштол во два слоја на свежо пресеченото чело на дрвото. Вториот слој се нанесува врз исушениот прв слој по 4–6 часа.
Оптималната работна температура е од +10 °C до +30 °C.
По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
3–4 m²/kg во еден слој, во зависност од порозноста и впивливоста на подлогата.
ПАКУВАЊЕ
5 kg и 20 kg.
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
Најмалку 18 месеци во добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа, во суви и проветрени простории на температура од +5ºC до +25ºC.
