COOL HYDROPLAST LM

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

COOL HYDROPLAST LM е еднокомпонентна, флексибилна хидроизолациона мембрана. Еколошки е прифатлив производ, без непријатен мирис.

Еколошки е прифатлив производ, без непријатен мирис. Наменет е за заштита на ѕидови и подови на тераси, во бањи, подруми и базени, пред поставување на керамички плочки. Се одликува со висока водонепропустливост, добар однос помеѓу флексибилност и цврстина, добра способност за премостување на пукнатини, брзо сушење и едноставна примена.

Добро прилега на подлоги како што се бетон, цементен малтер, тула и гипс-картонски плочи.

Не се користи како завршен слој и мора да биде заштитен со цврст завршен слој, како што се керамичките плочки.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Површината на која се нанесува мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, маснотии и други нечистотии кои можат неповолно да влијаат на прилепувањето на премазот кон подлогата.

Се нанесува на бетонски површини и цементно-варовни малтери (стари најмалку 28 дена), тула и гипс-картонски плочи.

Производот е подготвен за употреба. Пред употреба потребно е да се промеша. Се нанесува со четка, валјак или глетарка во два слоја. Се препорачува армирање на премазот со втиснување на фина мрежичка од стаклени влакна додека првиот слој е сè уште свеж. Вториот слој се нанесува по 2 часа со вкрстен начин на нанесување.

Дебелината на секој слој изнесува 1 mm, а максимално до 1,5 mm. Аглите, сливниците и продорите на цевките треба дополнително да се изолираат со водонепропусни ленти, кои се втиснуваат во првиот слој и се премачкуваат со вториот слој.

Минималното време на сушење на хидроизолацијата пред поставување на плочки изнесува 24 часа.

Оптималната работна температура е од +10 °C до +30 °C.

По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.

ПОТРОШУВАЧКА

1-1.4 kg/m2

ПАКУВАЊЕ

5 kg и 20 kg.

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

Најмалку 18 месеци во добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа, во суви и проветрени простории на температура од +5ºC до +30ºC.

ДОКУМЕНТАЦИЈА