NEVENALUX ОСНОВНА БОЈА ЗА МЕТАЛ

ОПШТИ ПОДАТОЦИ И НАМЕНА

Невеналукс основна боја за метал е еднокомпонентно премачкувачко средство на база на висококвалитетно алкидно врзивно средство, антикорозивни пигменти, адитиви и растворувачи. Се користи за заштита на метални површини од корозија како основен премаз.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Се нанесува со четка, валјак или со пистолет на сува, чиста и одмастена површина, во два слоја. Површината е сува на допир по 4–6 часа. Пред нанесување на следниот слој, потребно е да поминат 24 часа. За разредување и миење на алатот се користи Маслен разредувач.

ПОТРОШУВАЧКА

Со 1 kg боја може да се премачкаат 6–8 м² во еден слој.

ПАКУВАЊЕ

0.9 kg, 3.5 kg, 25 kg

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ

36 месеци од датумот означен на пакувањето. Да се чува во оригиналната, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа, на температура од +5ºC до +25ºC.

НИЈАНСИ

Сива, Црвена, Црна

ДОКУМЕНТАЦИЈА